2.09.2019
Мобилност во Македонија
Овој транс-национален проектен состанок со учество на ученици беше одржан во Скопје, Македонија во периодот од 06.06-10.06.2019. Во овој проект земаа учество ученици и професори од осум европски држави и тоа од: Македонија, Франција, Романија, Бугарија, Португалија, Словенија, Шкотска и Германија. Целта на овој состанок за професорите беше разгледување на сработеното во текот на минатата година и планирање на активности за следната.Учениците работеа на изготвување на дизајн за речникот по астрономија и внесуваа зборови во истиот како и изработка на хронолошки преглед за развојот на настани во изминатите две години, значајни за астрономијата. Покрај тоа беше снимено кратко-метражно видео во кое беа интервјуирани ученците и професорите за очекувањата и придобивките од горе наведениот состанок. Исто така учениците имаа можност да ги набљудуваат ѕвездите и Месечината со високо-специјализирани телескопи во близина на Говрлево. Највпечатливиот момент за групата беше посетата на балканскиот бисер Охрид и запознавање со природните убавини, културата и традицијата на нашата земја.